Привремениот шампион на ВБО, Жилеј Жанг се осврна на најдобриот хрватски боксер Филип Хрговиќ во неговото последно интервју за Фајтхип.
Кинескиот тешкаш го претрпе првиот пораз во кариерата во октомври 2022 година против Ел Анимал. По 12 рунди Филип со едногласна одлука на судиите го победи Жанг.
По тој меч Биг Бенг доби шанса да боксира против Џо Џојс. Во два меча минатата година Жанг оствари две убедливи победи.
Во април победи со нокаут во шестата рунда, а во реваншот на крајот на септември оствари победа со нокаут во третата рунда.
Жанг е сопственик на привремениот шампионски појас на ВБО, но со оглед на ситуацијата на врвот во тешка категорија треба да го чека редот за голема борба.
Имено, како предизвикувач на ИБФ, Хрговиќ сега е прв во редот за меч со победникот од борбата меѓу Фјури и Усик или би можел да добие борба против Ентони Џошуа за испразнетата титула.
Биг Бенг се уште не заборавил на поразот од Хрватот и истакна дека Филип користел гнасна тактика, која ја правел во текот на целата кариера.
„Доволно е да ја погледнете кариерата на Хрговиќ и се ви е јасно. Судиите му доделија победа против мене, што го направи задолжителен предизвикувач, а потоа имаше две прилично лесни борби за да не ја загуби таа позиција“, изјави Жилеј Жанг и додаде:
„Се бореше против Австралиецот Демси МекКин и во сите дванаесет рунди постојано го удираше по тилот. Тој е вистински професионалец за вакви удари. Во секоја рунда го удира противникот во задниот дел од главата. Да, го нокаутира Марк де Мори, но прво му упати неколку добри удари во тилот. Тоа е она што го прави“.