Кикбоксерите на Ас освоија 5 борнзи на „Софија опен 2019“, од кои три се на Стојчевски

Кикбоксерите на Ас од Делчево се закитија со  пет медали на Меѓународниот турнир „Софија опен 2019“ изминатиот викенд во Софија, Бугарија, а Павел Стојчевски освои три.

Бронзените медали ги освоија: Андреј Митков (-30 кг) – во поинт фајт за деца, Дилан Ивановски (-42 кг) постари кадети и Павел Стојчевски во кадетска конкуренција во кик-лајт, поинт фајт и лајт контакт.

Од Ас велат дека Стојчевски бил оштетен за повисок пласман во поинт фајт.

На турнирот настапија близу 500 натпреваеувачи од Бугарија, Унгарија, Италија, Руската Федерација и Македонија.

Тренер на екипата Љупчо Стојчевски судеше на дел од натпреварите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON