Кикбоксерот кој двапати го совлада Адесања пристигнува во УФЦ

Бразилскиот кикбоксер Алекс Переира (33-6) пристигнува во УФЦ. Шампионот на Глори во средна и полутешка категорија во сабота го очекува реванш против Русинот Артем Вахитов, а наскоро треба да потпише договор со најсилната светска ММА промоција.

Алекс Переира има девет победи по ред, а последната ја доби во јануари кога го победи Артем Вахитов со поделена одлука на судиите и ја освои титулата во полутешка категорија.

Переира е еден од најдобрите кик боксери „П4П“ во светот. Неговата популарност порасна по доаѓањето на Израел Адесања во УФЦ.

Имено, Бразилецот беше двапати подобар од Изи. Переира го победи Адесања во 2016 година со едногласна одлука на судиите, а потоа и на реваншот во 2017 година, кога Алекс брутално го нокаутира Израел.

Алекс Переира одработи четири професионални ММА меча, а има три победи и пораз.

https://twitter.com/UFCFightPass/status/1330002259908964352?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1330002259908964352%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.croring.com%2Fmma%2Fkickboksac-koji-je-dvaput-svladao-israela-adesanyu-stize-u-ufc%2F

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON