Кикбоксерите во Римини се борат за третиот трофеј од Светскиот куп Бестфајтер

Македонските кикбоксери во организација на Кик боксинг федерација на Македонија (КБФМ) од утре до 18 јуни ќе настапат на Светскиот куп 2017 „Бестфајтер“ во Римини, Италија, под закрила на ВАКО.

На Купот се пријавени 1803 натпреварувачи од 39 држави, а од нашата држава ќе нстапат 14 натпреварувачи предводени од тренерите Александар Стевковски и Сашо Илиевски.

Полани Милан Кубин го освои Бестфајтер Светскиот куп во кик бокс во Римини, Италија, во дисциплината кик лајт во категоријата до 89 килограми. Тој е вториот Македонец што успеал да го освои овој престижен Куп, прво тоа му успеа на Дарко Чатлески од Прилеп и тоа во лоу кик, кога Бестфајтер се одржуваше во Пјаченца.

И годинава имаме адути за престижниот трофеј.

Нашите кикбоксери ќе настпат во следните дисциплини и тежински категории:

Поинт фајт (ПФ)

Ледон Рамадани -42 кг помлад кадет

Иван Кукуновски -28 кг помлад кадет

Исмаил Туркер -28 кг помлад кадет

Кик лајт (КЛ)

Јована Арсова -55 кг јуниор

Димитар Ѓеорѓиев -79 кг сениор

Столе Јордановски +94 кг јуниор/сениор

Филип Ризов -57 кг јуниор/сениор

Марко Тодоров -52 кг постар кадет

Викторија Варадинова -65 кг постар кадет

Лоу кик (ЛК)

Бобан Илиовски -75 кг сениор

Милан Кубин -91 кг сениор

Дарко Најдов -63,5 кг

К-1

Дарко Крстев -67 кг јуниор

Филип Наковски -86 кг сениор

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON