Mакеоднските кик бокс репрезентација отпатува на Европското сениорско првенство ВАКО во Анталија, Турција, што ќе се одржува од 11 до 21 ноември.
Во нашиот состав има мала измена, односно нема да патува Филип Ризов поради влошена здравстевна состојба, поради што има лекарска забрана да оди на ЕП.
Боите на Македонија ќе ги бранат седум кикбоксери:
1.Бобан Илиовски
2.Стефан Михајловски
3.Викторија Варадинова
4.Мите Ашкилов
5.Марко Горневски
6.Марко Тодоров
7.Роберт Костовски
На ЕП настапуваат 850 кикбоксери со 980 натпреварувачи влезови од 39 држави.
Вчера селекторот Дејан Митровски-Урко за Ипон.мк изјави:
„Натпреварувачите се одлично подготвени и верувам дека ќе постигнат добар резултат и дека сигурно ќе се вратиме со медали и барем едно злато“.