Македонските кикбоксери освоија 49 медали на Меѓународниот кик бокс куп ВАКО Балкан опен во Тешањ, Босна и Херцеговина, од кои 11 се златни, 17 сребрени и 21 бронзен.
Во вкупниот пласман Македонија е трета. Прва е Босна и Херцеговина со 235 (81-81-73)медали, додека Хрватска со 50 (18-23-9) е втора.
Под покровителство на Македонската кик бокс маи таи федерација на Балкан опен настапија 12 клубови со 60 натпреварувачи.