Кикбоксерите на Енерџи од Битола освоија четири сребрени медали на Меѓународниот кикбокс турнир „Балкан бест фајтерс“. Ова е добар учинок за клубот, затоа што настапија со пет борци.
Медалите ги освоија:
Никола Бубевски (-81 кг) – сениори, лоу кик
Марија Кичевска (-60 кг) – јуниори, лоу кик
Ивона Кечевска (-60 кг) – постари кадети, кик лајт
Ана Марија Наумовска (-55 кг) – постари кадети, кик лајт.
„Нашите натпреварувачи беа добро подготвени да се борат со којбило противник. Одлично го почнавме турнирот во Ниш и со првите борби на сите кикбоксери обезбедија четири финалиња. Но во финалињата никој не стигна до златниот медал. Но и ова е успех за нив и мотив да работат повеќе и на следното меѓународно натпреварување да стигнат до најсјаниот медал. Сепак имаат „горко“ искуство кое им е неопходно на младите кикбоксери“, изјави тренерот на Енерџи, Александар Димовски – Димса кој додаде дека добар настап имал и Михаил Ситниовски (+47 кг) во помлади кадети во кик лјат.
Ipon.mk