Кикбоксер е убиен како член на „Исламска држава!

valdet gasi

Кикбоксeрoт од Косово, Валдет Гаши, е убиен во Сирија како член на „Исламска држава“, соопштуваат медиумите во Приштина. Гаши се приклучилл на „Исламска држава“ во јануари оваа година. Тој, минатиот месец во телевизиско интервју изјаи дека се „обидува да изгради модерен калифат во Сирија“.

 „Ако умрам, правејќи добро, сигурно ќе бидам радосен“, рекол тој, потсетуваат медиумите.

 Гаши е убиен на 27 јуни, соопшти брат му на социјалната мрежа „Фејсбук“.

 Гаши (28), всушност, живеел мирно во мало гратче во Баварија, а има појаси со светска и европска титула во кик бокс, како и неколку шампионски титули во тај бокс. Тој е оженет, со две деца.

Шампионот во боречките спортови е роден во Косово, а на 6 -годишна возраст пристигнал во Германија, каде што се населил со семејството. Тој и неговите родители не оставале впечаток на крајни исламисти или силно религиозни луѓе, но во последните години Гаши се променил, токму во таа насока.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON