Кик бокс репрезентацијата отпатува на Светското првенство во Италија

Македонската кик бокс репрезентација вечерва отаптува на Светското кик бокс првенство за сениори во Џесоло Лидо, Италија од 15 до 24 октомври.

Во нашиот состав има искусни кикбоксери со медали од светските првенства како Димитар  Ѓоргиев, Бобан Илиоски, Викторија Варадинова, но и се понадежните репрезентативци кои покажаа раскошен талент и направија добри резултати во последно време како Марко Тодоров, Филип Ризов, Климент Грозданоски и Стефан Михајловски.

Боите на Македонија ќе ги бранат:

-81 кг Димитар Ѓоргиев – лоу кик

-84 кг Климент Грозданоски – кик лајт

-86 кг Бобан Илиоски – К-1

-63,5 кг Роберт Костовски – лоу кик

+94 кг Стефан Михајловски – кик лајт

-57 кг Филип Ризов – лоу кик

-63,5 кг Марко Тодоров – К-1

-65 кг Викторија Варадинова – лоу кик

На Светското првенство ќе земат учетсво 1418 кикбоксери со 1593 натпреварувачки влезови од 69 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON