Кик бокс репрезентацијата освои 32 медали на Балканското првенство во Подгорица

Македонските кикбоксери освоија 32 медали – 9 златни, 12 сребрени и 11 бронзени медали на Балканското првенство во Подгорица, Црна Гора.

Македонија е трета по бројот на освоени медали. Прва е репрезентацијата на Босна и Херцеговина со 70 медали (27-30-13), а втора е Србија со 24 одличја (16-4-4).

Балкански шампиони од Македонија се: Петар Илковски, Мила Ацковска, Роберт Костовски, Леа Бошевска, Андријано Димишковски, Силвио Мировски, Марија Димовска, Лука Змејкоски и Антонио Ташков.

„Како претседател, од резултатите на нашите натпреварувачи сум задоволен, иако нашата репрезентација не учествуваше во полн состав. Од финансиски причини бевме спречени со сите добри натпреварувачи. Државата немаше буџет, отидовме со самофинансирање, бидејки оваа година имаше и парламентарни и претседателски избори, па нашата земја беше со други приоритети. Ние сме мала земја и спортот го чувствува тоа“, вели претседателот на Кик боикс маитаи федерцаијата на Македонија Дејан Митровски-Урко.

На Балканското учествуваа 211 кикбоксери од 9 држави со 220 натпреварувачки влезови. Македонија учествува со 36 кикбоксери.

Финалните резултати го комплетираа настапот на нашите репрезентативци.

Резултати:

Кик лајт

Постари кадети
-47
Драган Пандев – Авдо Мехмедовиќ (БиХ) 1-2 ½ финале
Петар Лозановски – Ерман Шехиќ (БиХ) 0-3 ½ финале
Петар Лозановски – Авдо Мехмедовиќ (БиХ) финале 0-3

-52 кг
Андреј Алексов – Мирза Каменчиќ (БиХ) 2-1 ½ финале
Андреј Алексов – Драган Муратовиќ (Црна Гора) 0-3 финале

-57 кг
Петар Илковски – Емран Карабеговиќ (БиХ) 2-1 ½ финале
Петар Илковски – Арт Дулај (Косово) 3-0 финале

-50 кг
Танкица Коцева – Аделиса Хрњица (БиХ) 1-2 финале

-60 кг
Мила Ацковска – Амина Имамовиќ (БиХ) 2-1 финале

Јуниори
-69 кг
Дарко Нумановиќ – Ивајло Иванов (Бугарија) 2-1 ½ финале
Дарко Нумановиќ – Обрад Газдиќ (БиХ) 0-3 финале

-74 кг
Борис Митревски – Антонио Ташков 0-3 финале

-55 кг
Темелкова Јадранка – Ламија Зимониќ (БиХ) 1-2 финале

Сениори
-63 кг
Ѓан Ибраимов – Јапар Ефе Акџај (Турција) 0-3 финале

-69 кг
Роберт Костовски – Дрин Вјердха (Албанија) 3-0 ¼ финале
Роберт Костовски – Веселин Арсов (Бугарија) 0-3 ½ финале
Роберт Костовски – Ристо Венов 0-0 финале

+94 кг
Стефан Михајловски – Мехмед Хоџиќ (Бих) 3-0 ½ финале
Стефан Михајловски – Алекса Брборовиќ (БиХ) 1-2 финале

-94 кг
Климент Грозданоски – Марко Симпрага (Србија) 0-3 финале

-50 кг
Леа Бошевска – Зејнеп Гулчан Тургул (Турција) 3-0 ½ финале
Леа Бошевска – Марија Јанева (Бугарија) 3-0 финале

Лоу кик

Помлади јуниори
-60 кг
Андријано Димишковски – Војин Радовановиќ (Србија) 3-0 финале

Постари јуниори
-75 кг
Силвио Мировски – Недим Малкоч (БиХ) 3-0 ½ финале
Силвио Мировски – Исак Аговиќ (Црна Гора) 3-0 финале

-81 кг
Давуд Вушљанин – Матеј Мучибабиќ (Србија) 0-3 финале

Сениори
-63,5 кг
Дарко Димитриев – Хасан Озчан (Турција) 0-0 ¼ финале
Дарко Димитриев – Дајан Ивановиќ (БиХ) 0-3 ½ финале

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО