Познатиот јапонски борец Норифуми Јамамото – Кид објави дека боледува од рак.
„Би сакал да ви кажам нешто од лична природа. Се лекувам од рак. Апсолутно сум решен да се опоравам и да се вратам, така што би ве замолил за вашата поддршка“, напиша на Инстаграм.
Не објави повеќе детали за болеста или за напредокот во лечењето.
41-годишниот Јапонец има ММА скор 18-6-2 НЦ, а за време на неговата кариера настапуваше за УФЦ, ДРИМ, K-1 Дајнамајт, Хироу, Шоото и K-1.
Ги победуваше Бибијан Фернандес, Ројлер Грејси и сонародниците Каол Уна и Генки Суд. Во УФЦ не успеа да победи во ниту еден од четирите настапи, а еден од поразите му е од Деметриус Џонсон со одлука на судиите во 2011 година. Не се борел од крајот на 2015 година. Во кик бокс мечевите силите ги одмери со Масато и Мајк Замбидис.
https://youtu.be/7OT6GyWW20Y
https://youtu.be/U4raGNQ-4QM
.