На првата седница на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) одржана на 5 јануари (по електронски пат) е донесена одлука за критериум за настап на Европското првенство за сениори и Квалификацискиот турнир за Олимпијадата во Токио што ќе се одржи во Париз, Франција.
Според оваа одлука, тренерот селектор ги бира натпреварувачите за овие две натпреварувања.
ЕП е од 25 до 29 март во Баку, Азербејџан, а квалификацискиот турнир во Париз од 8 до 10 мај.
Викендов што доаѓа треба да се одржи Државното првенство за сениори, а за две недели (24-26 јануари) е првиот турнир на Карате 1 Премиер лигата во Париз, кој се смета за посилен и од Светско првенство.а