КФМ ќе ги казнува сите што ќе учествуваат на стилски и приватни турнири, а МОК и АМС да се оградат од другите карате организации

Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на седницата одржана на 4 ноември донесе одлука за санкционирање на учества на стилски приватни и турнири кои не се дел од системот на Националните федерации.

Во одлуката на КФМ се вели:

„Согласно препораките од ВКФ во координација со ИОК, Извршниот одбор на КФМ донесе одлука за санкционирање на учества на стилски приватни и турнири кои не се дел од системот на Националните федерации. Тоа се однесува и за сите клубови,судии, натпреварувачи , тренери, функционери, кои имаат обврска да организираат и настапуваат на настани само со дозвола од страна на Националните федерации, кои се членки на ВКФ“.

Потоа ИО остро реагира на манипулацијата од страна на поединци и стилски организации кои се претставуваат во име на каратето.

„По добивање на статус олимписки спорт, КФМ минатата година упати конкретен допис до МОК и до АМС со информација за статусот на нашиот спорт, како и барање да се оградат од другите организации кои имаат некаков статус во тие институции. Ако се сериозни, тие имаат еден единствен пат во каратето, да се обратат до Карате федерацијата на Македонија и да добијат шанса да се борат за учество на официјални натпревари“, се наведува во одлуката на КФМ.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО