КФМ еден чекор назад во финансирањето за настапите во Премиер лигата во однос на лани

Македонската карате федерација (МКФ), однонсно Извршниот одбор, донесе одлука на 23 декември минатата година да ги финансира учесниците Карате 1 – Премиер лигата, Серија А, во Париз-Франција од 26 до 28 јануари, но со различен степен на покриеност.

Така КФМ целосно ги покрива трошоците за котизација и патување со авински превоз за сите 11 натпрварувачи во сениорска конкуренција кои се рангирани до 50-то место на Ранг листата на Светската карате федерација (ВКФ) и тоа: Берат Јакупи, Емил Павлов, Наташа Стефановска, Пуликсенија Јовановска, Жарко Арсовски, Симона Заборска, Моника Стефановска, Сара Радичевска, Ненад Келебиќ, Мартин Несторовски и Јована Георгиева. На тројца натпреварувачи целосно ќе ги покрие трошоците и за сместување, како најдобро рангирани на Ранг листата на Светската карате федерација: Берат Јакупи, Емил Павлов и Жарко Арсовски.

За останатите осум натпреварувачи: Симона Заборска, Моника Стефановска, Наташа Стефановска, Пуликсенија Јовановска, Сара Радичевска, Ненад Келебиќ, Мартин Несторовски и Јована Георгиева, КФМ не ги покрива потребните средства за сместување, а нив треба да ги платат клубовите.

КФМ како опција ја остава можноста за покривање на трошоците и на осумината каратисти доколку добијат средства од Агенцијата за млади и спорт.

Кога влегуваме во олмписките квалификации оваа одлука е спротивна  на онаа што е донесена на 1 јули минатата година со која на каратистите до 50-тото место им се покриваат сите трошоци за настапите во Премиер лигата во Лајпциг, Истанбул и Салзбург.

Ако се има во предвид дека Олимпискиот комитет на Македонија (МОК) стипендира четворица каратисти до ОИ во Токио 2020 година и Агенцијата за млади и спорт (АМС) од годинава до 2020 година ќе финансира олимписки кандидати, тогаш оваа одлука е чекор назад во однос на ланската, бидејќи сега има вишок на средства, односно МОК и АМС ќе финансираат неколку кратисти.

Мора да истакнеме дека МОК не дава кеш-пари, туку ги плаќа настапите кои се неопходни за изборување на норма за Олимпијадата, додека АМС ќе дава префрла финансиски средства.

Затоа е зачудувачки да не се прошири кругот на каратисти на кои 100 отсто ќе и бидат покриени трошоците, а и да одат на подготовки како и другите. Не се знае кој ќе направи резултат.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON