Кевин Ли смета дека тој е вистински шампион во лесна категорија во УФЦ.
Иако Хабиб Нурмагомедов е тој што доминира во оваа категорија, Ли тврди дека тој е, всушност, некрунисан крал на категоријата.
„Сакам да се борам постојано и се чувствувам како некрунисан шампион. Како и да е, морам да се справам со оние ликови што ме предизвикуваат. Знам дека момците во Топ 5, па дури и Тони и Хабиб се плашат од мене”, рече Ли и додаде:
„Нема да ме спомнат, затоа што знаат дека доаѓам. Сепак, со вас тие знаат дека титулата е моја. Можам да продолжам да се зафркавам, но јас доаѓам по титулата. Никој не ме победил на вистинскиот начин во лесна категорија. Јас изгубив неколку борби, но никој не ме победи на вистински начин“, додаде тој.
Кевин Ли има меч против Чарлс Оливеира, но пред да сака да се бори против Ислам Махачев.
Сепак, тој верува дека може да ја нападне титулата, а во неговата досегашна кариера 27-годишниот борец е со скор 18-5.
Тој загуби три од последните пет меча, со тоа што Тони Фергусон го победи во 2017 година за привремениот појас во лесна категорија.