Кевин Ли сака да се бори со Хабиб или Мек Грегор

Кевин Ли се врати во лесна категорија молскавично и тешко го нокаутира непоразениот Грегор Гилеспи во Њујорк. Победата ја прекина серијата од два последователни порази на Ли и му донесе бонус. Така Ли ќе се врати на лесна категорија на ранг-листата и ќе се бори за место меѓу најдобрите. Тој е поранешен предизвикувач за титулата и веќе ги има определно своите идни противници.

По победата Кевин изјави дека нема да се бори со никого, затоа што прво мора да се докаже, а потоа ќе се насочи кон големите противници. Неколку дена подоцна се предомисли и посака борба со шампионот во категоријата Хабиб Нурмагомедов или поранешниот шампион Конор Мек Грегор.

„Сега сакам поголеми битки. Тоа е сè што ме интересира. Добрата работа е што има многу добри борци во категоријата. Ако можев да избирам, би избрал некој како Конор Мек Грегор. Знам дека нема да се бори. Тој доаѓа по поразот и откако ќе ја види мојата победа нема да го тврди тоа.

Не мислам дека ќе го направи она што го сторив и нема да ја прифати борбата со мене. Имаат за цел борба со победникот од мечот меѓу Тони и Хабиб. Знам дека морам да забележамуште  една или две победи, но го бркам Хабиб долго време и луѓето сакаат повторно да ме видат против Фергусон.

Победникот од нивната битка ќе биде најдобриот и тоа го сакам. Има многу борци, а еден од нив Ентони Петис, кој е поранешен шампион. Тој е борец и сакам да го тестирам. И Гаетје е таму и доаѓа по големи победи. Го нокаутира Цероне, дефинитивно ми се допаѓа идејата да се борам против него“, рече Ли.

Пред неколку дена, Ли изрази желба да се бори против Ислам Махачев, кој се согласи за борба во јануари. Најверојатно тој ќе биде неговиот следен противник.

https://www.instagram.com/p/B4ZAJL4Hgdh/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON