Кевин Ли: Конор ќе го победи Хабиб

УФЦ ѕвездата Кевин Ли даде интересна прогноза за еден од најочекуваните ММА судири во последниве години – Хабиб Нурмагомедов против Конор Мек Грегор. Според него, фавприт во оваа битка е Ирецот.

„Конор ќе го победи Хабиб, а тоа уште повеќе ќе и го замати умот на навивачите. Тие Мек Грегор ќе доживуваат како некое божество“, вели Кевин Ли, кој подолго време се обидува да обезбеди меч со Конор.

„Кај Хабиб нема ништо тешко. Стилот му е чист. Воопшто не се менува, затоа Мек Грегор ќе биде фаворит во мечот со него. Но, пред тоа Нурмагомедов треба да се справи со Тони Фергусон“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON