Кевин Холанд ќе се бори со Шавкат Рахмонов, но има еден услов

Кевин Холанд е подготвен да го замени повредениот Келвин Гастелум и да се соочи со Шавкат Рахмонов.

Рахмонов и Гастелум требаше да се борат на настанот УФЦ Фајт најт 227 на 17 септември во Лас Вегас. За жал, Келвин се повреди и се повлече од борбата. УФЦ бара замена, но нема многу луѓе кои сакаат да се борат со Рахмонов.

Холанд е подготвен да го преземе овој голем ризик, но тоа има своја цена.

„Има едно момче, Кавак, Шавак, не знам како правилно да го изговорам неговото име. Тој е вистински ѕвер, не знае за порази и со задоволство ќе влезам како резерва и ќе се борам со него.

Сè што ми треба е мојот редовен хонорар и камион за тако. 16-ти септември е Денот на независноста на Мексико, затоа само платете ми ја редовната такса и набавете ми тако камион.

Подготвен сум да се борам доколку го исполнат тој услов“, изјави Холанд за Шмо.

Останува да видиме дали УФЦ ќе се согласи на Холанд да му купи тако камион.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON