Македонија ја доби организацијата на Европското првенство во кендо 2016 година. Ова вчера го соопшти претседателот на Македонската кендо федерација Златко Кесковски, кој е во Јапонија на Генералното собрание на Кендо федерацијата.
-Македонија, конечно домаќин на Европското кендо првенство 2016.
По моето излагање за подготвеноста во организациска смисла, не изостана барањето да се искоментира и запраша за моменталната безбедносната состојба во Македонија, по што е донесена едногласна одлука на Генералното собрание, – изјави Кесковски.
ipon.mk/В.Д.