Селекторот на македонската кендо репрезентација, Златко Кесковски, го соопшти списокот на ученсци на Европското првенство во Скопје од 31 март до 4 април.
Боите на Македонија ќе ги бранат: Андреј Атанасовски, Менсур Бојда, Владимир Кесковски, Матеј Ивановски, Илија Андреевски, Матеј Јошевски и Марија Манасиевска.
„Во понатамошниот период следуваат долги и исцрпувачки подготовки, кои, колку зависат од самите избраници, толку зависат и од поддршката од сите нас, но и од сите вас. Па да им помогнеме да ја престават нашата земја, нација, држава, Федерација, доџо, учителите во најдобро светло што можат. Тука, во нашиот двор, пред целата европска кендо јавност, но и македонската нација која е гладна за успех“, истакна Кесковски.
Ipon.mk/В.Д.