Двајца од најпопуларните ММА борци во историјата, Кен Шамрок и Кимбо Слајс, се позитивни на допинг тестовите по галавечерта на Белатор 149. Шоуто се одржи на 19 февруари во Хјустон. Се уште нема детали за супстанција што ја употребувале.
Во главниот меч Шамрок беше добиен уште во првата рунда од другата легенда, Ројс Грејси. Нивниот меч беше главен на галавечерта.
Уличниот борец Слајс го победиДафир Харис, кој колабира по натпреварот.
Првични се суспендирани 90 дена, но се очекува нивната санкција да биде зголемена. Во 2009 година Шамрок исто така беше позитивен на стероиди.