Келвин Кетер го победи Ден Иге во главната борба на УФЦ на ЕСПН 13.
Кетер на борбениот остров Јас во Абу Даби салваше со одлука на судиите.
Во првата рунда Иге почна силно и притискаше во првите минути, а Келвин се бореше трпеливо. Во средината на рундата, Кетер ја презеде иницијативата и ги сврте работите, освојувајќи ја рундата.
Во втората рунда Иге повторно почна силно и зададе добри удари, кои веројатно успеаја да му го скршат носот на противникот. Оваа рунда беше најсилна во дуелот за Ден. За следните три рунди, Кетер ја подигна брзината и ги запре сите обиди на Иге да ја пренесе борбата на партер. Келвин беше прецизен во неговите удари, а окото на Иџе беше затворено.
Така, битката дојде до судиска одлука, која отишла кај 32-годишниот борец од Масачусетс – (49-46, 49-46, 48-47). Ова е втора победа на Кетер оваа година откако претходно го нокаутираше Џереми Стивенс. Келвин има освоено 4 од последните 5 битки. Иџе загуби по втор пат во УФЦ со што ја прекина серијата од шест последователни победи.
https://www.instagram.com/p/CCsMmOZpeyl/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CCsM3JcjP9O/?utm_source=ig_embed