Кел Брук даде потврда за мечот со Ерол Спенс

Кел Брук практично потврди дека ќе ја брани титулата во полусредна категорија на ИБФ против Ерол Спенс Јуниор.

Брук не објави ниту датум ниту место на средбата. Сепак, одамна се знае дека агентите на двајцата боксери преговараат за средба меѓу нив.

„Целиот овој труд, за да се откажат? Никогаш не сум избегал од предизвик во животот. И го давам на навивачите она го сакаат. Ерол Спенс – ти си следниот“, напиша Брук на Твитер.

Во последниот меч Кел Брук беше поразен, но не против кого и да е, туку од машината за нокаути Генади Головкин. Се сметаше дека следниот противник на Брук може да биде Амир Кан, но не успеаја да се договорат за условите.

Имаше гласини дека Брук може да боксира и со легендата Мигуел Кото, но, по се изгледа, следниот негов ривал ќе биде токму Ерол Спенс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON