КК Кеикс освои два златни, еден сребрен и еден бронзен медал на „Никон опен 2016“ во Софија.
Европскиот првак, Вероника Костовска, не дозволи изненадување, на убедлив начин го освои првото место. Таа во категоријата над 55 клиграми извојува две победи.
И Азра Цури освои прво место во категоријата до 55 килограми за родени 1999 година, остварувајќи две победи, додека Емили Јаневиќ Дачевиќ е со сребрен медал во сениорскла конкуренција, а Розафа Рамадани со бронзен до 14 години.
Ipon.mk/В. Д.