„Ќе биде брутално, ќе биде грдо и ќе биде крваво“- менаџерот на Хабиб предвидува крај на кариерата на Тони Фергусон (ВИДЕО)

УФЦ веќе повеќе од една година работи за организација на големиот дуел меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, а нов обид е закажан за 7 април, кога се одржува УФЦ 223.

Гостувајќи на „ММА час“ кај Ариел Хелвани, менаџерот на Хабиб Али Абдел – Азиз го прокоментира дуелот кој треба да го донесе новиот шампион во лесна категорија и патем предвиде доминантна претстава на неговиот борец, но и крај на кариерата за „Ел Цуцуј“.

„Жал ми е Фергусон. По 7 април веројатно никогаш повеќе нема да се бори. Загрижен сум за него и сум сериозен за тоа. Не зборувам за тоа за да ја промовирам борбата, навистина сум загрижен. Видете, го почитувам Еди Браво, тој е легенда, но приказната дека Тони ќе биде повеќе од среќен ако го собори Хабиб во партер… Тони ќе биде во неволја. Ако го прифати уривањето, Хабиб ќе го унакази целото лице“, рече Абдел-Азиз.

Хабиб во последниот меч со едногласна одлука на судиите по три рунди целосна доминација го победи Едсон Барбоза, а неговиот менаџер тврди дека непоразениот Дагестанец во тој дуел бил „добар“ спрема својот противник од Бразил, но тоа нема да биде случај кога во октагонот ќе се најде со Фергусон.

„Ќе биде брутално, ќе биде грдо и ќе биде крваво. Хабиб беше многу добар спрема Барбоуз, беше добар и спрема Мајкл Џонсон, но со сигурност може да кажам дека нема да биде добар во Тони Фергусон. Мојата прогноза – на Тони веројатно ќе му треба двогодишна пауза и никогаш нема да се врати по оваа борба“, заклучи Абдел-Азиз.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON