КБФМ: Направивме проверка и утврдивме дека нема пропусти, резултатите остануваат непроменети!

Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) реагираше по повод текстот „Фајт тим освоил 17 медали на Државното првенство во кик бокс, а со тоа е најуспешен клуб?!“ објавен на 24 април, а кој се однесува на резултатите од 2.Државно првенство во кик бокс.

„Поради реакцијата и медиумското обраќање на КБК Фајт тим од Скопје, КБФМ уште еднаш ги прегледа сите официјални резултати од натпреварите и судењето на ова ДП и констатираше дека нема ниту еден пропуст и дека „Извештајот со официјалните резултати останува непроменет“, се вели во обраќањето од КБФМ до Ipon.mk, нагласувајќи дека Федрацијата работата ја извршува професионално.

ИЗВЕШТАЈ ДП КИКБОКС 22.04.2018

Од КБФМ посочуваат дека за евентуланите забелешки или пропусти сите да се обраќаат до Федерацијата, односно да си побараат проверка на резултатите и повторно пребројување.

„КБФМ е транспарентна Федерација и затоа се обидува навремено да даде медиумски извештај за секое државно првенство; притоа доколку увиди дека е направена ненамерна грешка при објавување на резултатите, истата во најкус рок ја исправа и коригираниот извештај го препраќа до сите релевантни институции и медиуми“, истакнуваат од КБФМ.

 

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON