Катерина Михајлова стана интернационален таеквондо судија

Катерина Михајлова стана првиот интернационален судија во таеквондо. Таа учествуваше на 103 семинар за судии од 11 до 14 јуни во Загреб, Хрватска, и успешно ги помина тестовите.

Михајлова е национален судија од 2014 година.

„Од огромно значење беше учеството на овој семинар, затоа што покрај промената на дел од старите правила се работеше и на новите во олимписко таеквондо, кои се применуваат од јуни оваа година. Од тој аспект, како интернационален судија, ќе можам многу побрзо да ги упатам македонските тренери и натпреварувачи во тој правец, така што во иднина не би се нашле во ситуации да губат поени на технички грешки, односно поради проблеми со правилата“, вели Михајлова.

Наскоро ќе се организира судиски семинар за поголема подготвеност на македонските судии во новата натпреварувачка сезона.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON