Катерина Михајлова проглaсена за најдобар судија на Европското таеквондо првенство за У-21 во Тирана

Катерина Михајлова е прогалсена за најдобар судија на Европско такевондо првенство за У-21 во Тирана, Алабанија.   

ЕП се одржа од 27 септември до 30 септември со учество од 36 држави со вкупно 431 натпреварувач. Борбите се одвиваа на 5 борилишта на кои имаше 30 интернационални судии.

„Го сметам како големо искуство со нови, односно променети правила од Светската таеквондо федерација. Борбата не трае континуирано трите рунди, туку секоја рунда почнува од 0 и натпреварувачите се многу поактивни за разлика од претходно. Ако ги победиш првите две рунди не влегуваш во трета рунда, но бидејки е европско ,учествуваа навистина храбри и успешни борци, каде што често имаше ситуација да биде изедначено, па да се одржат по три рунди“, вели Михајлова, која е интернационален судија од 2018 година.

На ЕП Михајлова го судеше финале за жени -68 категорија меѓу натпрварувачки од Србија и Хрватска, при што српската таеквондиска беше поуспешна, и машко полуфинале во категоријата над 87 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON