Катерина Ацевска е вицешампион на Балканот во самбо за кадети.
Ацевска во својот прв настап во самбо на Балканското првенство за кадети во категоријата над 70 килограми денеска во Скопје и стигна до финалето и тука загуби од многу поискусна репрезентативка на Грција. Но сребрениот медал е голем успех за неа и за македонскотоп самбо.
Катерина е една од најсестраните спортсистки во нашата земја. Претпладне стана првак во фрлање ѓуле и копје во атлетика со голема предност пред конкурентките. Таа е фудбалски голман, настапува во џудо, а основен спорт и е џиу џицу. Не само што сестрана, туку е и успешна во сите спортови.
На првенството да настапија над 100 спортисти од сите балкански држави.
Ipon.mk