Катастрофален ден во Париз, светла точка Симон Антиќ

simon Anti

Вториот ден на првиот турнир од серијата Карате 1 Премиер лига во Париз, Франција, беше катастрофален за нашите каратистите. Емил Павлов и Берат Јакупи, како најголеми надежи, беа поразени уште во првото коло.

Најсветла точка беше Симон Антиќ (Макпетрол) во категоријата до 84 кг, кој во воторото коло го совлада со 2-1 Марсо Геслуин од Франција, потоа Диего Мез Дави со 1-0 и Гокан Гундиз (Туција) со 4-0, а загуби од Гркот Георгос Цанос со 2-0.

Моника Стефановска (Макпетрол) до 68 кг имаше добар старт, ја побдеди Сила Селтар од Германија со 1-0, но во третото коло со истиот резутат загуби од Ламиа Матуб (Англија), а во репасажот, пак со 1-0, беше поразена од Французинката Соња Формаже.

Емил Павлов (Штип)-Мохамед Тауси (Мароко) 6-8;Шабан Муртиши (Дрини)-Адам ел Сафеи (Шкотска) 2-0, а со 2-1 беше совладан од Роман Живко од Украина во категоријата до 60 кг.

Во категоријата до 75 кг Иво Цветковски (Металург) има скор 1-1, победа над Мохамед ел Јусуфи од Мароко (0-0) и пораз од 5-4 од Лу Лебрун (Франција); Енес Смаилагиќ (Цветан Димов)- Амин Буса (Франција) 2-3.

Емир Ќосовиќ и Виктор Крстевски (Металург) до 84 кг забележа порази против Мигуел Амаргос (Аргентина) 3-4 и Јапонецот Рјутар Арага со 0-8,а Берат Јакупи (Фати)-Микаел Серфати (Франција) 1-2.

Во категоријата над 84 кг Сашко Арсовски (Штип) го совлада Микита Ончуленко (Украина) со 1-0, но беше поразен од Игор Руиз де Кастањеда од Шпанија со 8-0. Арсовски Жарко (Макпетрол) беше подобар од Радован Симиќ од Швајцарија со 3-2, но потоа загуби од Иевхен Мотовлин (Украина) со 0-5. Мике Волтат (Франција) славеше со 2-0 против и Мартин Несторовски (Металург).

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON