Ката тимот кадети јуниори е петти на ЕП во карате

Ката тимот кадети јуниори (Пешков, Стојановски и Андриќ) го освои петтото место по поразот од Турција за бронзениот медал на Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Прага-Чешка.

Турците добија оценка 25,72 а нашиот тим 22,28, па така бронзата и припадна на турските каратисти.

Љупче Михајлов (-68 кг) ја спаси честа на македонското карате со освојувањето на бронзениот медал во јуниориска конкуренција откако го совлада Август Рамос од Италија во јуниорска конкуренција со 3-1.

На Европското првенство настапуваат 1084 натпреварувачи од 48 држави.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON