Американскиот борец со хрватски корени Стипе Миочиќ требаше да се врати во октагонот на УФЦ во ноември минатата година во меч за титулата против шампионот Џон Џонс.
Но, неговото враќање беше одложено, бидејќи Боунс се повреди само неколку недели пред средбата.
Еден од најдобрите борци во историјата го повреди рамото и заврши на операција. А во јануари го оперираше и левиот лакт, па се уште не се знае кога ќе биде подготвен за враќање.
Според некои најави, борбата би можела да се случи некаде во текот на летото.
Шампионот на УФЦ во тешка категорија, Картис Блејдс, истакнува дека за промоцијата е многу важно да се организира меч меѓу Џонс и Миочиќ, иако привремениот шампион Том Аспинал својата шанса ја бара веќе неколку месеци.
„Така мора да се случи. И Аспинал го разбира тоа, поради што веќе не е толку гласен и не бара меч против Џонс или Миочиќ. Неговата борба не може да го донесе она што го сака УФЦ“, истакна Картис Блејдс и подвлече:
„Има смешни приказни за тоа како Џонс се плаши од некого. Не се плаши од никого, но е свесен дека борбата против Миочиќ е најголема на сите времиња. Секако, важна му е и заработката. Не го обвинувам за тоа, особено ако тоа е последен меч во неговата кариера. Земете ги парите и збогувајте се со стил“.