Џудо клубот Сеишин на турнирот „Карпалак 2015“ во Прилеп освои 15 медали, од кои 10 се златни а 5 сребрени.
На турнирот во организација на ЏК Прилеп учествуваа 7 клубови од Македонија со околу 70 натпреварувачи.
Резултати поединечно- помлади пионери: Даријан Мицкоски -34 кг, Георгиј Магдески -42 кг, Димитри Џокоски -46 кг и Андреј Сотироски -55 кг се втори, а Давид Везенкоски -66 кг 1-во место; пионери: Марко Тодорчески -38 к. 1-во место, Кристијан Тошески -66 кг. 2-ро место, Јован Најдоски +73 кг. 1-во место; кадети: Мартин Тодорчески -60 кг 1-во место, Марио Тошески -66 кг 1-во место, Диме Ивчески -73 кг 1-во место, Михаил Конески -90 кг. 1-во место; кадетки: Александра Најдовска +70 кг 1-во место; јуниори: Александар Апостолоски -66 кг 1-во место, Александар Петрески -73 кг 1-во место.
Ipon.mk/В.Д.