Борбата меѓу Џејк Пол (9-1) и Мајк Тајсон (50-6) станува најскандалозниот боксерски меч во историјата, бидејќи од ден на ден се појавуваат нови и нови шокантни вести. Друга доаѓа од Карл Фроч, кој тврди дека има информации за клаузули кои го ограничуваат „Железниот Мајк“ во обидот да го победи „Проблематичното момче“ на 20 јули во Тексас.
„Од она што го слушам за договорот, вели дека ќе добие помалку пари ако победи во првата рунда. Ако Тајсон биде нокаутиран, ќе добие уште помалку. Во договорот има ограничувања за неговиот метод на победа. Не знам дали се официјални, но слушам дека постои клаузула која практично ќе го лиши од пари ако го смачка Џејк Пол“, тврди Британецот во разговор за Сејф бетинг сајтс, пренесува ИФЛ ТВ.
Во пракса, ова би бил официјален легализиран договор за развој на средбата. Доколку се остварат зборовите на Фроч, дамката на имиџот на двајцата и на спортот во целина би била огромна.