Вукашин Јовановиќ од КК Шампион од Крива Паланка е еден осумте нови стипендисти- талентирани спортисти кои ги потпишаа своите договори за стипендија со давателот на стипендија Општина Крива Паланка, а свечено им ги додели градоначалникот Борјанчо Мицевски.
Стипендиите се во висина од 3.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци во годината.
„Сепак горд сум на Вас што ве гледам како еден мал тим, кој за постигнатите успеси добива награди, и ќе продолжите да ја претставувате нашата Општина и понатаму со Вашите постигнати резултати. Ми претставува голема чест и задоволство што денеска Ве имам вас како гости. Ви посакувам многу успеси, здравје и среќа во секој момент од Вашиот живот“, рече Мицевски.
Вукашин Јовановиќ неодамна го освои првото место на Меѓународниот турнир „Никола Грдановски – Нике“ во Скопје, а идниот викенд ќе настапи и на турнирот на КК Цветан Димов.