Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески денеска ги прими македонскиот каратист Пеце Наумовски од Австралија и пратеникот за Австралија и Нов Зеланд, Васко Наумовски. На приемот во Агенцијата за млади и спорт, младиот македонски каратист го запозна директорот за постигнатите успеси како шампион во карате на Австралија во борби до 67 кг.
Спасески му честиташе на Наумовски за досегашниот успех и му посака уште многу спортски резултати. Дополнително ја искажа неговата сатисфакција за правецот во кој се движи македонското карате во Австралија, потенцирајќи дека Агенцијата за млади и спорт секогаш го поддржува спортот и позитивниот дух кај младите.
Директорот Спасески не го криеше своето задоволство и му се заблагодари во името на АМС и во таа пригода му врачи плакета.
Македонскиот каратист, Пеце Наумовски, се заблагодари за поддршката од АМС и даде ветување дека со уште понапорна работа во иднина ќе постигнува поголеми успеси.
ipon.mk