Каратистот Мартин Стојменов е прогласен за најуспешен спортист на Кочани за 2014 година. Стојменов освои бронзен медал на Европското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година во Лисабон, Португалија. Ова е трета „победа“ на полето на спортот на членот на КК „Партизан“ во родното „огниште“.
Димитар Јакимов, исто така од КК Партизан, е на третото место на најдобри спортисти во Кочани, за освоеното петто место на Балканското првенство за кадети во Софија, Бугарија, а беше и вицешампион на Македонија во истата конкуренција.
Но, тоа не се од каратистите, Каратистот Роберто Здравсковски е најдобар млад спортист изминатата година.
ЖФК „Кочани“ собра најмногу признанија на традиционалната манифестација, чиј организатор е Општина Кочани. Шампионската титула и Националниот куп, кочанчанки ги направија најдобра екипа во изминатата 2014-та, Оливер Јовановски е тренер на годината, а Владо Андов најуспешен спортски работник.
Во овој избор на најспортист на Кочани, „освежување“ се Ана Веселинова, капитен на ЖФК „Кочани“ и репрезентативка, која го зазеде второто место на табелата со највредните постигнувања и Димитар Јакимов.
Изборот го извршија новинарите (по еден од медиум) и претставникот на Сојузот на спортовите на Кочани, денеска на состанок што во Општината.
Официјалното прогласување на најдобрите и врачувањето на наградите е закажано за 29 јануари во 19 часот во Хотелот „Национал“.
ipon.mk/В.Д.