Каратистот Љубомир Давитков најуспешен спортист на Кочани за 2017 година (ФОТО)

Љубомир Давитков, каратистот на КК Кочани е најуспешниот спортист на Кочани за 2017 година.

Давитков, признанието го доби бидејќи со македонската репрезентација освои балканска бронза. По него, на втората позиција се најде тенисерката на „Акватен“, Даниела Колева, а Стојан Николов, велосипедист на ВК „Поскок“ е третиот најуспешен спортист на градот за минатата година, пренесува радио Кочани.

Меѓу младите надежи се најдоа 11 спортисти: Ана Георгиева (ЖФК Кочани), Али Каидов (КК Ипон), Антонио Јаношевиќ (КГС Кочани), Благој Тасевски (КК Партизан), Благој Ананиев (РК Младинец), Марко Коцев (КК Баскет Дино), Филип Станојков (ЏК Гладијатор 2016), Наталија Веселиновска (КК. Кочани), Давид Костов (Фудбал Старс), Јована Давиткова (ШК Кочани) и Ѓорѓи Соколовски (ПСД Осогово).


За вложеното, најмногу во фудбалот, Драгослав Здравков, е прогласен за најуспешен спортски работник. Тренер на годината е Јорданчо Петров, поради тоа што има бројни остварувања со своите натпреварувачи од КК „Партизан“ на домашна и меѓународна сцена. Најуспешен спортски колектив на Кочани е КК Партизан.
Завршницата од манифестација посветен на спортот и спортистите се одржа синоќа во ресторанот „Аледар“. Гласањето го извршија новинарите и претставник на Сојузот на спортови, а организатор беше Општина Кочани.
Прогласените за најуспешни добија благодарници и статуетки.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON