Битолчанецот Александар Волкановски: Ако победам на УФЦ 221 сакам сериозен противник

Македонскиот борец кој живее во Австралија, Александар Волкановски, ќе се сретне со Џери Кенеди на УФЦ 221 во Австралија. Волкановски е непобеден во 2013 година. Тој е во серија од 13 последователни победи, додека 3 од нив се во УФЦ.

Александар беше гостин на радио БЈ Пен и зборуваше за неговиот меч:

„Ако победам, ќе имам скор од 4-0 во УФЦ, досега не сум изгубил ниту една рунда во УФЦ. Сакам и сигурен сум дека ќе ми дадат врвен противник, ако победам. Мојот менаџер разговара со УФЦ. Ми кажаа ако победам дека ќе се борам со еден од првите 15-мина. Јас секогаш одам на нокаут, но сега и повеќе од кога и да било.

Знаев дека сум посилен поранешните противници и дека подобро се борам. Никој во целата категорија нема да ја издржи десницата ако гопогодам. Долго време сакам да земам бонус од 50.000 долари и мислам дека е време“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО