Каратистката Тамара Рибарска засвире во Хард рок во Мајорка (ФОТО)

Tamara Ribarska zasvire na gitara

Каратиската која на Македонија и го донесе првиот сениорски медал на Европското првенство во Тенерифе, Шпанија, 2005 година, Тамара Рибарска, како дел од бронзениот ката тим со Симона Тасевска и Ивана Димитрова, се фати за бас гитарата и покажа која и е втората љубов.

Тамара не го направи тоа кадебило, туку во славниот „Хард рок“ на Мајорка,  точно таму каде што го направи најголемиот карате успех. Таа е пасиониран рокер и не пропушта момент да ја покаже својата рокерска душа. Можеби од нејзините рифови може да призлезе некоја песна за каратето во пресрет на олимписката промоција.

Но, присутните можеа да се уверат и во нејзината убавина и стас.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON