Каратистите репрезентативци на Макпетрол ги завршија подготовките и патуваат на ЕП во Задар

Македонските карате репрезентативци, членови на „Макпетрол“, успешно ги реализираа еднонеделните подготовки во Струга, велат од клубот.

Претставниците на скопскиот клуб,имаа финална реализација на програмата,тие денес заминуваат подготвени на претстојното Европското сениорско првенство, кое ќе се одрживо периодот од 8 до 12 мај во Задар, Хрватска.

„Во реализацијата на програмата за успешна подготвеност, нашите сениори од самиот почеток на годината учествуваа на сите највисокорангирани првенства и светските Карате Премиер лиги. Завршните подготовки се исто така многу значаен сегмент за правилно темпирање на спортската форма, како финален дел од планот за подготвеност на спортистите за ова првенство. Сега очекуваме со малку спортска среќа, која секогаш е неопходна, да имаме и добар настап на ова највисокорангирано континентално првенство за оваа година“, изјави тренерот на Макпетрол, Бошко Заборски.

Претседателот на КФМ во посета на Макпетрол

Да потсетиме дека „’Макпетрол’ е носечкиот клуб во сениорска конкуренција на македонската репрезентација за ЕП во Задар. Во националниот тим има осум спортисти од клубот. Пет спортисти од вкупно осум, кои се повикани за националниот тим, ќе настапат во поединечните категории во дисциплината кумите, а тоа се: Петар Заборски (-75 кг), Петар Спасеновски (-84 кг), Данило Божовиќ (+84 кг), Симона Заборска (-55 кг) и Ангела Мојсовска (-68 кг). За дисциплините борби во екипна конкуренција се повикани: Викторија Јовановска, Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ.

Сите горенаведени натпреварувачи, кои ќе настапат во поединечна конкуренција за тимот на Македонија, се пријавени и во екипна конкуренција, во составите на машкиот и женскиот кумите тим. На Европското првенство во Задар пријавени се 600 спортисти од 50 држави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON