Каратистите на македонскиот карате мајстор Боче Лескаровски кој го води КК Кашивакан од Бил направија извонреден успех на Државното првенство на Швајцарија освојувајќи 7 медали – 2 златни, 1 сребрен и 4 борнзени.
Со овој успех Лескаровски може да смета дека дел од неговите каратисти ќе се најдат во составот на швајцраската карате репрезентација за Европското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Алборг, Данска, од 8 до 10 февруари 2018 година.
Медалите ги освоија:
Златни
Арбен Пјетрај (-76 кг) У-18
Сирил Маиллефер – (-60 кг) У-21
Сребрени
Аиша Бутрасит – кати У-12
Бронзени
Аиша Бутрасит – (-40 кг) У-14, кумите
Аурора Мустафа (+48 кг) У-14 кумите
Јасин Дабуби (+39 кг) У-12 кумите
Алмин Салкиќ – кати – сениори
Ipon.mk