Освојувачите на медали од Балканското сениорско првенство во карате, кое се одржа во Охерид изминатиот викенд, денес беа на прием кај директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасевски.
Спасевски и го честиташе успехот и истакна дека и понатаму ќе ги поддржуваат финансиски, надевајќи се дека и во Бремен, Германија, на Светското првенство ќе освојат медали.
„Агенцијата на Карате федерацијата и додели 1.900.000 денари, односно ги покри трошоците за патување во Финска, Охрид, како и за Премиер лигата, а сега и за СП“, рече Спасевски.
Ipon.mk/ В. Д.