Каратистите на Макпетрол имаа успешен настап за репрезентацијата на Балканското првенство

Каратистите на Макпетрол во македонската карате репрезентација имаа забележителна улога во освојувањето на медалите за Македонија на Балканското првенство за кадети, јуниори и У-21 во Риека, Хрватска. Каратистите на Макпетрол освоија два медала во поединечна конкуренција (сребрен и бронзен) и четири во екипна (2 сребра и бронза), однсно како дел од кумите тимовите на Македонија.

Сите медали од ова првенство се во највозрасната и најтешка категорија на помлади сениори-ки (У-21).

„Најуспешен натпреварувач на Балканското првенство секако е Стефан Стојановиќ +84 кг (актуелен европски јуниорски првак)  спортист на Макпетрол, успеа да освои два сребрени медали и тоа во поединечна и екипна конкуренција во дисциплината борби, иако сеуште е јуниор ,односно нема полни 18 години. Но, за време на одржувањето на Европското првенство ќе има 18 години и затоа настапи во повозрасна категорија на У21“, велат од Макпетрол.

1.Стефан Стојановиќ поединечно +84 кг, сребрен медал
2.Абдурахим Идризи екипно борби, сребрен медал
3.Глигор Петков екипно борби, сребрен медал
4.Стефан Стојанович екипно борби, сребрен медал
5.Марија Петровска поединечно категорија -50 кг У 21 , бронзен медал
6.Викторија Јовановска екипно борби, бронзен медал

„Во поединечна конкуренција Стефан Стојановиќ (+84 кг, У-21) го освои сребрениот медал,  откако во финалето загуби од Ријад Џухо од Босна и Херцеговина 1-3. Претходно Стојановиќ славеше против Фуркан Генц (Турција) 4-2, Антон Баждариќ (Хрватска) 4-3 и Сергиос Каравунис (Грција) 3-1

Марија Петровска настапи во категорија -50 кг У-21, таа во прво коло беше слободна, второ коло победи со преставничка на Косово 3-0, во полуфинале загуби од Хрватска 2-3, и во репасажната борба за бронзен медал победи со 4-2, со каратистка од Словенија.

Кумите тимот – борби У-21– мажи славеше против Косово 3-1, потоа победа со домаќинот 3-0 Хрватска и во финалето загуби 0-2 од Босна и Херцеговина, што беше доволно за сребрениот медал.

Кумите тимот – борби У-21 жени прво го победи Косово 0-0, потоа загуби од Словенија 1-2, а во борбата за бронзата славеше против Грција со резултат 2-0“, наведуваат од Макпетрол.

„Задоволни сме од настапот на нашите каратисти кои ги бранеа боите на Македонија на ова елитно регионално натпреварување. Балканот е најквалитетен регион во Светската карате федерација и затоа тешко е да се освои медал. Навистина,  има голема и квалитетна конкуренција. Можевме да постигнеме и повеќе во поединечните настапи на нашите каратисти, но за освојување на медал одлучуваа моменти. Генерално сме задоволни од нашиот настап, направивме одлична контрола пред Државното првенство кое треба да се одржи следниот викенд и ќе има изборен карактер за влез во репрезентацијата на следното Европско првенство кое ќе се одржи во Прага, Чешка“, изјави тренерот на Макпетрол Петар Заборски.

На првенството учество земаа 13 балкански држави со  731 натпреварувачи.

На Балканското првенство Македонија освои вкупно 13 медали – 2 златни, 3 сребрени и 8 бронзени и се најде петата позиција. Пред нашата репрезентација се Босна и Херцеговина со 26 медали (12-4-10), Турција 24 (9-6-9), Србија 31 (7-8-16) и Хрватска 23 (5-6-12).

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON