Френсис Нгану спарингуваше со двајца одеднаш (ВИДЕО)

Френсис Нгану напорно се подготвува за големото обединување на појасите во тешка категорија со Сирил Гане. „Предаторот“ ќе ја брани неприкосновената титула против Гане во главната борба на УФЦ 270 што ќе се одржи на 22 јануари во Калифорнија.

Нгану влегува во борба против својот поранешен соборец со серија од 5 последователни нокаут победи. Гане во битката ќе влезе непоразен со серија од 10 последователни победи. Годинава Гане забележа 3 последователни победи, а во последната го нокаутира Дерик Луис и стана привремен шампион.

Гане во својот агол ќе го има Фернанд Лопез, поранешен тренер на Нгану. Лопез го прими Нгану од улица во својата теретана и неколку години го тренираше и го хранеше бесплатно. Сепак, Френсис се воздигна и се збогати, по што одби да плаќа 600 евра годишно за салата во Париз.

Влогот на овој меч е дефинитивно голем. На својот профил на социјалните мрежи, Нгану покажа како одеднаш спарирал со двајца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО