Каратистите на Македонка освоија пет медали на Државното првенство

После двегодишна пауза поради Ковид- 19 Карате клубот Македонка зема  учество на Државното првенство за деца во Кавадарци, а младите каратисти покажаа како се бранат клупските бои и освоија 5 медали од 7 учесници.

Клаудио Јанковски (13 год. -55 кг) освои златен медал, додека на Никола Митев (12 год. -42), Ана Иванова (10 год. -40) и Симона Панова (11 год. -44) и припаднаа сребрените медали, а со бронза се закити Мартин Тодорв (12 год. -47).

Учество земаа и Божјидар Зафиров и Лука Митревски кои прикажаа одлични борби, вели тренерот Сашко Патраклиев кој им се заблагодарува на родителите кои веруваат во нив.

„Остануваме посветени на континуираниот развој на младите таленти од нашите спортски редови“, вели Патралиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON