Каратето влезе во потесниот круг за Олимписките игри во 2020 во Токио!

Emil i Martin so znameto

Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) ја соопшти дека каратето е на листата од осум спорта кои се во потесниот круг кандидати за да станат олимписки спортови на Игрите во 2020 година во Токио.

Спортот во кој Македонија вложува многу, а и добива, односно е значаен фактор на успесите на македонскиот спорт, како сега на Европските игри во Баку, а каде што совоивме два бронзени медали, сега има сериозни шанси да стане дел од олимпиското семејство. Јапонија како лулка на овој спорт со сите сили се залага да стане дел од ОИ.

Прв конкурент на каратето му е бејзбол/софтбол, додека останатите во тесниот круг кандидати се сурфање, куглање, спортови со ролери, спортско качување, сквош и вушу.

Целта е популаризирање на некои од овие спортови, а каратето кое е ултрапопуларно во Јапонија има предност и затоа што веќе има извонредни услови, арени и борилишта за кои не треба дополнително вложување во инфраструктура.

Збунувачки е фактот што не се знае колку точно од овие спортови ќе бидат вклучени во олимпиката програма. Организаторот Јапонија треба да предложи еден, или повеќе на ИОК, кој конечната одлука ќе ја донесе во август 2016.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON