Карате за инклузија-проект на КК Автокоманда и хрватските клубови Ессекер и Света Недела

Во Скопје, Карате клуб Автокоманда беше домаќин на хрватските претставници од Карате клуб Ессекер и Карате тим Света Недела. Во конструктивна и работлива атмосфера, се одржа проектот „Карате за инклузија“, финансиран од ЕАЦЕА – Европската агенција за образование и култура, во рамките на Еразмус-спорт-2023.

„Имаше тестирање, кое ќе продолжи со нови активности за поддршка на инклузивноста во спортот“, информираат од КК Автокоманда и нагласуваат:

„Понатамошни активности во рамките на проектот вклучуваат дополнителни тренинзи, семинари и работилници за тренери и спортисти. Целта е да се поттикне инклузивноста и да се создадат можности за учество на сите заинтересирани, без оглед на нивните способности. Секој учесник ќе има шанса да се развива и да придонесе во создавањето на поддржувачка спортска средина“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО