Македонските машки карате тимови во кумите и кати ќе учествуваат на Светското екипно првенство во Памплона, Шпанија, од 22 до 24 ноември годинава.
Светската карате федерација (ВКФ) денеска го објави списокот од 68 квалификувани и потврдени репрезентации за учество на високоочекуваниот Светски куп во карате во 2024 година.
Нашите тимови се изборија за учество на Светското екипно првенство, кое ќе се одржи прв пат, со пласманот на седмото место на Европското сениорско првенство во Задар, Хравтска, во мај.
Радoсната вест ја соопшти капитенанот на машкиот кумите тим, најдобриот македонски каратист Емил Павлов.
„Сакам да ве известам, како капитен на машкиот кумите тим, дека со освоеното 7-мо место на Европското првенство во Задар обезбедивме норма за настап на Светското екипно првенство кое ќе се оддржи во месец ноември во Памплона, Шпанија. Исто така и машкиот тим во кати обезбеди норма за настап“, вели Павлов.
На СП ќе настапат 68 екипи, а од Европа 33.
Процесот на квалификации за Светскиот куп во карате вклучува настап на последното Светско првенство и Континенталното првенство, како што е наведено во системот за квалификации и натпреварување на настанот. Досега, до 40 земји од пет континенти успешно се квалификувале, што е доказ за глобалниот дострел на каратето и популарноста на спортот ширум светот.
По континенти, 4 нации од Азија веќе го заработија својот билет на Светското првенство, бројка што веројатно ќе се зголеми по континенталните првенства во септември. Европа води со 20 земји кои обезбедија свои места, додека 1 земја од Океанија, 6 панамерикански земји и 9 нации од Африка сите го потврдија своето присуство на настанот.
Како земја домаќин, Шпанија има репрезентациии во сите четири категории на турнирот. На Шпанија со комплетни тимови во секоја категорија и се приклучуваат: Италија, Египет, Турција и Франција.
„Со бројка од 6 екипи од Азија, 33 од Европа, 2 од Океанија, 12 од Пан Америка и 15 од Африка досега, претстојниот настан треба да биде вистинска прослава на глобалниот карате талент. Светскиот куп во карате не само што ќе ги прикаже најдобрите во спортот; исто така ќе поттикне чувство на единство и вредности меѓу различните култури и ќе биде вистинска прослава на возбудата на спортот, при што навивачите ќе имаат можност да ги поддржат своите национални тимови“, наведуваат од ВКФ.