Карате репрезентативците на Македонија ги привршува подготовките во Штип за Светското првенство во Мадрид, Шпанија, од 6 до 11 ноември, а на 4 номеври ќе отпатуваат во шпанската претсолнина.
На досегашните настапи на светските првенства македонските каратисти освоија само еден медал, бронзата на Жарко Арсовски (+84 кг) на Светското првенство во Белград 2010 година.
На последното СП во Линц, Австрија, Симона Заборска (-55 кг) стигна најдалеку, до четвртфиналето, забележувајќи три победи.
Во репрезентацијата имаме искусни каратисти и освојувачи на медали од европските првенства, а ги предводи актуелниот европски шампион Емил Павлов, а тука се и Берат Јакупи и Мартин Несторовски, како и младите надежи Давид Петков и Азиз Исмаил. Потоа Наташа Стефановска, Јовна Георгиева, Сара Радичевска и Моника Стефановска.
Последните две кола од Карате 1 Премиер лигата во Берлин и Токио беа загрижувачки за тренерот Сашко Арсовски, затоа што нашите каратисти, само некои од нив, имаа по две победи. Со истата конкуренција ќе се сретнат и на СП. Да се надеваме дека во периодот меѓу Премиер лигата и СП се исчистени многу недостатоци и се подобрени борбените техники.
Да потсетиме дека СП е најголема шанса за доближување на Олимписките игри во Токио 2020 година, однонсо да сенаправи најголем скок на ВКФ ранг листата, за која бодувањето почна од Азиските игри и продолжи на двете кола на Премиер лигата.
Репрезентација на Македонија за Светското првенство:
1.Емил Павлов – 60 кг
2.Давид Петков – 67 кг
3.Азиз Исмаил -75 кг
4.Берат Јакупи – 84 кг
5.Мартин Несторовски + 84 кг
6.Сара Радичевска – 50 кг
7.Јована Георгиева – 55 кг
8.Наташа Стефановска – 61кг
9.Моника Стефановска – 68 кг
10.Жарко Арсовски – настапува во екипниот дел
11.Петар Заборски – настапува во екипниот дел
12.Ферри Исиќ – кати
13.Пулексенија Јованоска – кати
Ipon.mk